Со поддршка од родителите пет годишниот британец Зак Ејвери го променил полот и станал девојче.
Фустани посакал да носи уште кога имал три години, а потоа сакал да се дотерува и шминка и да става шноли во коса.
Кај ова пет годишно момче било идентификувано пореметување на родовиот идентитет. Ова пореметување според психијатрите укажува на несовпаѓање меѓу полот на личноста и тоа како истата се чувствува.
Мајката на момчето изјавила дека детето често плачело и се обидувал да се повреди бидејќи не е девојче. Зак постојано се чувствувал како девојче заробено во тело на момче.