Пет најчести грешки при пеглање, кои ја оштетуваат косата

popara17 октомври, 20121min00
peglanje

Пеглањето на коса без средства за заштита и високата температура го оштетуваат влакното на косата како . Постојано пеглање на истите прамени, остава свои трагови.

Грешка број 1: Превисока температура

Најчеста грешка при употреба на пегла за коса епглање на максимална температура на пеглата. Тоа косата може само да ја оштети, дури и да ја запали. Температура од 210 степени целзиусови е еднакво доволна за сите типови на коса и нема потреба да биде појака од тоа.

Грешка број 2: Пеглање без заштитни средства

Заборавањето да се нанесе крема, спреј или масло кои ја штитат косата од топлина, може сериозно да и наштетат на косата. Косата поради превисоките температури се оштетува, со текот на времето почнува да пука, се истенчува и премногу се суши.

Грешка број 3: Трагови од пеглата

Пред да започнете со пеглање, добро расчеслајте ја косата, поделете ја на прамени и тек потоа почнете да ја пеглате. Немојте повеќе пати да поминувате еден ист прамен затоа што ќе оставите трагови од пеглата на нив.

Грешка број 4: Сакате волумен, а добивате безживотна коса

Ако не сакате вашата коса да изгледа безживотно, испеглајте ја така што врвовите пеглајте ги накај лицето. На тој начин ќе добиете волумен, а со фризурата ќе ги истакнете вашите црти на лицето.

Грешка број 5: Користење на погрешни типови на пегли

Голема улога игра и изборот на правилна пегла. Пеглите со ќерамички плочки се идеални за сие типови на коса затоа што совршено се лизгаат по косата, а топлината рамномерно се распоредува. Жените кои сакаат да избегнат наелектризирана коса треба да користат пегла со плчки од турмалин. Освен плочката битна е и големината, па така што малите плочки се идеални за кратка коса, а големите за долга.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag