Пет правила за здрава детоксификација

popara19 јануари, 20121min00
5 pravila zdrave detoksikacije

По „напорните“ празници и обилните трпези, време е за детоксификација на организмот. Ви предлагаме да ги следите овие пет правила за правилно и ефикасно да го исчистите вашето тело:

Јадите свежа и непреработена храна: детоксификацијата не значи дека треба да почнете да се изгладнувате или пак да пиете само лимонада. Детоксификацијата значи дека на својот организам треба да му дадете одмор од рафинирани намирници и да се храните исклучиво со здрава храна. Тоа значи дека треба да избегнувате бело брашно и бел шеќер, а најмногу да конзумирате овошје и зеленчук.

Вежбајте: Потењето е природен начин за чистење на организмот. Помогнете му на телото да се детоксифицира со одење во сауна или пак вежбање јога. Доколку не сте љубители на вежбањето, обидете се барем да пешачите секој ден по 40 минути со побрзо темпо.

Додајте лимон во водата: Лимонот помага при чистењето на организмот, а лимонската киселина делува како разложувач на масти. Заради киселоста и рН вредноста, лимонот е одлично средство за разбивање на молекулите на насобраните масти.

Направете си купка: Купката со природна сол е една од најдобрите работи за освежување на телото. Купките имаат чудесна и исцелителна моќ, бидејќи на тој начин вашето тело се чисти, а се подмладуваат и виталните органи, а кожата ги апсорбира хранливите материи од купката.

Направете нешто што ве прави среќни: Освен здравата исхрана и вежбањето, потребно е да направите нешто за себеси што ќе ви даде енергија и ќе ве расположи. Отидете во кино, прочитајте добра книга или гледајте некој филм, затоа што доброто расположение е клучно за добро здравје и обнова на организмот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag