Секоја девојка барем еднаш во животот сонувала да биде со мистериозен и заводлив странец, а некои имале и среќа тоа да го доживеат.
Иако врските на далечина можат да бидат многу тешки и имаат многу маани, љубовниот однос со странец може да биде многу добра и корисна работа.
1.Секси нагласок
Секси британски нагласок,жежок шпански говор,заводливиот италијански или отмен француски ги соборуваат жените,а тој е уште посладок кога пробува да каже нешто на македонски.
2. Нови фори
Кај него се е ново.Врската со странец е вистинска мала авантура и истражување на нешто ново.Нема излишни финти како на повеќето излегувања, разговорот со странец е тотално непредвидлив.
3.Свеж почеток
Тој не познава некој твој пријател кој познава пријателка на твојот бивши или слично.Нема оговарања и невистини.Тој не познава никој од вашето бишо оделение и нема слушнато трачеви за вас.Со странец може да имате свеж старт.
4.Патувања
Врската со странец значи дека треба да го припремите вашиот пасош бидејќи кога тогаш ќе сака да ви ја покаже својата земја и да ве запознае со родителите.
5.Учење странски јазик
По неколку месечна врска сигурно ќе научите доста зборови на неговиот јазик.Најнапред ќе знаете само” те сакам” и “може” но по неколку месеци ќе научите да комуницирате и на неговиот јазик.