Пет работи кои мажите ги сакаат во креветот, а не се осмелуваат да ги побараат

popara14 јули, 20121min00
strast

Доколку сакате во спалната соба на вашиот партнер да му обезбедите нешто навистина сензационално, а тој е премногу срамежлив за самиот тоа да го побара…ние ви носиме неколку насоки кои, на забавен начин ќе ви помогнат да ги остварите своите цели.

Повеќе орален секс

Се разбира ова е факт кој воопшто не ве изненадува. Меѓутоа, тоа не е се. Мажите за орален секс не гледаат исклучиво како цел по себе, туку го гледаат како одлична предигра и вовед во акција која и вас подеднакво ќе ве довее до лудило. Еднаквост пред се…

Приватен стриптиз

Не, тие не сакаат да гледаат некоја непозната стриптизета, но воопшто нема да се побунат ако вие од време на време подготвите сензуално шоу за време на кое полека ќе ја исфрлите целата облека од себе. Мажите се визуелни суштества и затоа нема причина барем понекогаш да се претворите во негова лична бурлеска ѕвезда.

Превземање на иницијатива

По напорниот ден на работа, на вашиот партнер понекогаш воопшто не му е задоволство и дома да носи некои одлуки и да ја спроверува целата работа. Многу ќе му одговара ако од врата го дочекате во секси издание, го грабнете за братоврската и однесете директно во спалната соба каде ќе му доволите да го завземе пасивна улога, и притоа жешко ќе го искористите.

Комплименти

Не, недостаток на доверба, ранливост и кршливо его, не се особина на понежниот пол. И ним понекогаш им е потребно да слушнат дека сеуште се убави, згодни и посакувани. Ако работите ги зачините и пофалби на сметка на неговата креативност, духовитост, способност, ќе бидете на иста бранова должина. Во ваквата ситуација, тој не бара само секс, туку се стреми да постигне длабока интимност и блискост со вас.

Запрете ги игрите!

Познатото женско “Ништо” е збор кој мажите не само што ги доведува до лудило, туку навистина им поставува напорна загатка на која не гледаат решение. Отворете ги картите и кажете му отворено она што го мислите и што е тоа што ве прави незадоволни, сеедно дали во спланата соба или надвор од неа. Тој е сосема способен тоа да го поднесе, а со искреност ќе ја разбудите довербата која претставува важен аспект на секоја успешна романса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag