Пијана пензионерка ќе плати бидејќи тепала патници во авион!

popara5 јуни, 20121min00
tg45

Сиднеј – пијаната медицинска сестра во пензија Френсис Макаскил, која била под дејство на алкохол ги навредувала и удирала патниците и членовите на екипажот во авионот. Поради овој инцидент таа ќе мора да плати на австралиската авиокомпанија Квантас 18.000 долари оштета, бидејќи авионот морал да се врати во Мелбурн.

57 годишната Френсис Макаскил во саботата летала за Нов Зеланд, но за време на летот почнала да ги навредува и удира патниците и екипажот на авионот.

Таа дури била заврзана за седиштето за да се смири, но и понатаму продолжила да наврдува и да ја мава главата од седиштете пред неа. Френсис ја признала вината, но кажала дека не се сеќава на инцидентот.

Сега таа ќе мора да плати оштета и плус добила четри месеци условна казна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag