Потребни состојки:
- 4 – чешниња лук
- 3см- свеж ѓумбир
- 2мали чили пиперчиња
- ½ жољичка листови од кориандер
- 750гр мелено свинско
- 1 – јајце
- 2дл- маслиново масло
- 2-краставици
- 2- шољи ориз
Округлите топчиња од свинско месо и егзотичните зачини се исклучителен гастрономски специјалитет и одличен зимски оброк, бидејки овозможуваат хранливи состојки кои го подобруваат имунитетот. Пробајте го овој азиски специјалитет и уживајте во богатството на вкусовите. Послужете со сварен ориз и краставици или сварени тиквици.
Упатство:
Во блендер направете смеса од лук, ѓумбир, малку чили и коријандер. Ставете ги во здела, додајте го меленото месо и јајцето. Попарете и посолете.Со чисти раце, се добро помешајте. Земете по 2 лажици од смесата, па обликувајте 16 топчиња. Ставете ги на тањир, поклопете и оставете ги во фрижидер 30мин.
Печете ги на зејтин 12 до 15мин, со постојано вртење.
Се служат со ориз, тиквици или краставица.