Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ има многу причини за славање.
Ѓоковиќ триумфирал и ја завршил сезоната со победа на финалниот турнир во Лондон над Роџер Федерер.
По големата победа и престижна титула која ја освои втора година по ред, Новак уживал во честитките на многу познати личности меѓу кои се нашла и британската миленичка Пипа Мидлтон која не ја тргала насмевката од лицето.
Тенисот е еден од најпочитуваните спортови на островот, кралското семејство не пропушта мечеви, па така и Пипа не пропушти можност лично да му честита на победникот. “Го гледавте мечот?”, прашал Ѓоковиќ. “Да. Беше фантастично”, одговорила Пипа откако се ракувала со тенисерот.