Пиштолите на Бони и Клајд продадени на аукција за половина милион долари

popara1 октомври, 20121min00
clyde_bonne

Пиштолите кои ги користеле американските гангстери Бони Паркер и Клајд Бароу, кои се убиени во престрелка со полицијата во 1934 година, продадени се на аукција за нешто повеќе од половина милион долари.

Пиштолите биле дел од аукцијата наречена Американски гангстери, криминалци и полицајци, која е одржана во неделата во Њу Хемпшир.

Злосторствата кои ги извршиле Бони и Клајд за време на големата депресија им осигурале место во американската историја.

Бони Паркер и Клајд Бароу станаа озлогласени по неколку грабежи на банки пред полицијата да им постави заседа во Луизијана 23 мај 1934 година. На аукцијата, освен пиштоли се нашле и приборот за шминкање на Бони и голем број на фотографии.

Нејзиниот револвер постигнал цена од 264.000 долари, а неговиот 240.000 долари. Неговиот џебен часовник е продаден за 36.000 долари.

“Оваа млада двојка за време на најтешката депресија во историјата на светот одлучиле да зададат удар за она што верувале дека се во право. Покрај се, тие се сакале еден со друг. Тој ден на правливиот пат во Лузијана играла Шекспировата трагедија”, изјавил професор по историја ЕР Милнер.

На аукцијата учествувале и некои предмети од колекцијата на Ал Капоне и Бејби Фејс Нелсон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag