Ако во вашата врска се вовлекла монотонија, обидете се да ја отстраните со „освежувачки“ методи. Наш предлог е на вашиот партнер да му напишете љубовно писмо.
Вратете се во времето пред мобилните телефони и емаил пораките, кога луѓето често пишувале љубовни писма и со недели чекале одговор, а бликале од среќа кога одговорот ќе стигне. Психолозите уверуваат дека пишувањето на љубовни писма, дури и доколку живеете со вашиот партнер, ќе ви ја поврати изгубената интимност во врската.
Љубовните писма ја зацврстуваат врската, а тоа се должи на фактот дека ги поврзуваат партнерите на подлабоко ниво. Освен тоа, тие може да станат и вредни спомени кои ќе ги уверат љубовниците во нивните чувства секој пат кога ќе ги прочитаат. А ако ги напишете на хартија со пенкало и ги испратите по пошта, тие ќе имаат уште поголема вредност.