Научниците од Универзитетот Илиноис од Чикаго забележале дека мажите кои пред решавање на некоја задача испијат пиво постигнуваат подобри резултати од оние кои се немаат напиено.
До ова откритие истражувачите дошле така што на испитаниците им дале задача во низа од три збора да додат четврт која ќе се вклопи. На пример поимот на „сирење“ може да се додаде зборот швајцарско, свежо или слично.
Половина од испитаниците испиле едно литро пиво, додека другата група не консумирала никаков алкохолен пијалок. Резултатите покажале дека мажите кои пиеле пиво оствариле 40% подобри резултати во споредба со оние мажи кои не пиеле. Покрај тоа, тие што се напиле пиво задачите ги решавале за 2,5 секунди побрзо од своите соперници.