Освен тоа што е еден од омилените пијалоци на мажите, пивото може да биде од голема корист и во козметика и третманите за убавина. Без разлика на полот, овие третмани од пиво ќе ве разубават.
Миење на коса Докажано е дека миењето на коса со пиво еднаш неделно ги прави влакната исклучително меки и сјајни, а го забрзува и растот на косата. Се работи за алтернативна метода за отстранување на наслагите на косата кои се собираат од вода и сапун.
Измешајте 30 милилитри вода, 30 милилитри пиво, две лажици оцет и неколку капки од омиленото есенцијално масло (за да мирисате повеќе на шампон, а помалку на пиво). Со таа смеса тријте ја косата, а потоа исплакнете. Внимание: Проверете пивото да биде на собна температура, ледено пиво на главата не звучи забавано.
Маска од пиво Пивскиот квасец, основната состојка на пивото, може да ја спречи појавата на акни. Тој го забавува произвдоството на себум и ги уништува бактериите кои предизвикуваат акни. Со користење на пивото во вашата рутина за нега на кожата, не само што и давата влага на кожата, туку и помагате да се ослободи од митисерите и акните.
Измешајте една лажица пиво, една лажица јогурт, една лажица маслиново масло и една белка од јајце. Натопете ја кожата на лицето со топла вода, а потоа нанесете ја маската. Оставете ја да делува 15 минути, а потоа исплакнете.
Купка од пиво Во Стариот Египет жените седеле во када која била полна со пиво за да ја освежат кожата и да го намалат ризикот од кожни болести. Пивото ја зајакнува и ја хидратизира кожата. Следниот пат кога ќе влезете во бања, во кадата сипете една чаша пиво за супер мека кожа.