По 8 години порака во шише стигнала од Канада до Ирска

popara27 октомври, 20121min00
poraka vo sise

10 годишно момче од Ирска на плажа пронашло порака во шише испратена од Канада пред дури 8 години.

Младиот Осин Милеј ја пронашол пораката која била „испратена“ во реката Сеинт Лоренс, Квебек, пред 8 години. Пораката, која била ставена во шише од Спрајт, била напишана на француски, а ја напишале две 12 годишни девојчиња Шарлин и Клодија од Монтреал кои биле на одмор во Квебек. Шишето „патувало“ неверојатни 2485 милји за по 8 години да пристигне на брегот на Ирска.

Во пораката била напишана и е-маил адреса, но за жал таа веќе не постои. Училиштето во кое учи Шон се обидува да стапи во контакт со двете девојчиња, кои всушност сега имаат по 20 години. Шон и неговите родители се надеваат дека ќе имаат можност некогаш да ги запознаат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma