Две чаши вино секој ден е едноставна метода која драстично го подобрува квалитетот на вашиот живот, веќе и научно докажано со помош на редица експерименти.
Студијата покажала дека луѓето кои конзумираат умерени количини вино, не повеќе од 14 чаши седмично и не повеќе од 3 чаши на ден за жените и 4 чаши дневно за мажите, имаат многу подобри здравствени и психички резултати на тестовите за разлика од луѓето кои воопшто не козумирале од овој скапоцен еликсир.
Експертите изјавиле дека луѓето кои редовно козумираат умерени количини вино постигнале највисоки резултати по сите индекси и параметри што ја отсликуваат нивната здравствена состојба.
До сега веќе неколку пати сме пишувале за големите придобивки што ги носи виното. Знаете дека пијалокот содржи есенцијални антиосиданси кои успешно се борат со раковите клетки и го намалуваат нивниот агресивен растеж. Освен тоа во виното има супстанции кои ја подмладуваат кожата, ја прават елестачна и отпорна на штетните надворешни влијанија.
Затоа не се лишувајте од чаша добро вино, што освен добро расположение ќе ви донесе многу здравје и убавина.