Една ученичка од Холандија, на Фејсбук поканила пријатели на нејзината забава по повод 16-тиот роденден, но заборавила да стави дека забавата е приватна. Во нередите кои се случиле врз полицијата биле фрлани шишиња, камени, велосипеди…..
Ситуацијата излегла од контрола во петокот во малиот град Харен во близина на Гронинген, каде полицијата сакала да ги избрка дојдените гости, но била нападната со камења, шишиња, саксии и велосипеди, јавува холандската агенција АНП.
Еден полицаец ситуацијата ја опишал како хаотична. Неколку лица биле повредени, а неколку биле уапсени.
Грешката настанала поради тоа што поканата за забавата наместо приватна, можеле да ја видат сите, па така таа стигнала до 30.000 луѓе, а на забавата с епојавиле околу 4000.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=f2jdg5Rr09U