Белгискиот фотограф Курт Сталет започнал прокет во кој се посветил на бодибилдинг, но никој не очекувал дека со оваа тема ќе ја шокира јавноста. Најновите фотофрафии во серија се портрети од набилдани деца, кои сепак се само фотомонтажа.
Цел свет се згрози од најновите фотографии на Старлет, на кои главни ликови се деца со изразито мускулести тела во секојдневно опкружување.
Фотографиите се настарани со монтажа со која на главите на децата се ставени тела од бодибилдери. Она што предизвикува гадење е фактот дека фотографиите се многу реални, па на прв поглед може да ви изгледа дека нема ништо необично на нив.