По три години, почина детето кое беше родено без мозок

popara4 ноември, 20121min00
dete bez mozok

Тригодишниот Николас Кук од Колорадо страдал од аненцефалија, нарушување во развојот на мозокот и черепот. Повеќето деца родени со ова нарушување умираат непосредно по раѓањето, но Николас живеел три години, без лекови, освен оние против болки, без приклучување на апарати, и како што тврди неговата баба, покажувајќи психички и физички развој, што не е карактеристика за оваа состојба.

Бабата на Николас, Шери Кук рече дека момчето цело утро пред да почине имало пречки во дишењето, а потоа престанал да дише. Лекарите три пати се обидоа да го оживеат, а потоа ја прогласија смртта, рече бабата, која била со него кога починал.

Таа вели дека Николас последните денови бил весел, дека покажувал чувства и оти неговото семејство сторило сè од неговиот живот да го извлече максимумот, водејќи го на кампување или во зоолошка градина, пренесе „Дејли мејл“. Со аненцефалија се раѓаат едно на 10.000 деца, а оние што ја имаат се сметаат за неспособни да размислуваат или да имаат емоции.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag