Редизајнот на Audi R8 не е само обично разубавување, туку вклучи и бројни промени под каросеријата, а го направи автомобилот уште подобар, побрз и пожелен за љубителите на спортските возила.
Најголема новост е S-Tronic менувачот. Нова маска, светла, фарови, преден браник, дифузер и задни издувни цевки. Промените на внатрешноста се сведуваат на деталите.
Овој R8 модел брзината од 0 до 100 ја развива за 3,5 секунди. Максималната брзина е 317 км/ч.