Почеток, средина, крај…и пак почеток

popara13 март, 20121min00
2

Тоа е пострашно од животот, зошто не завршува со смрт. Тоа е пострашно од смртта зошто нема гроб над кој да тагуваш и нема со кого да зборуваш во мислите и нема слика над која да плачеш…

И е кошмар – да сонуваш, и е кошмар да си буден во ноќта, и несакаш да бидеш никаде и не сакаш да бидеш сам…И не сакаш да бидеш со никого. Тоа е пострашно од крајот, зошто е страшниот почеток.

Е тоа е. Почетокот на крајот започна пред доста време и како секој почеток и тоа си има крај. Крајот на тој почеток најпосле дојде и сватив дека колку и да се бориш, колку и да не ти се верува, крајот секогаш доаѓа.

Сега…е време за нов почеток, страшен почеток, тежок почеток, но нели ви кажав дека секој почеток си има крај, така да и сега нема да биде ништо поразлично. Се некогаш ќе дојде крајот на овој страшен почеток, колку олеснителна мисла а?

Нема ништо потешко од почетокот ( без разлика дали е страшно или убаво ), зошто тука си има правила:

1.Немаш право да земеш ништо од крајот за да го олесниш почетокот!

2.Кога почнуваш од почеток, се треба да почне одново!

3.Кога ќе те обземе очај и страв од новиот почеток, сети се на првото правило!

Јас ја изгувив смислата на моите почетоци, исто како зборовите кога ги повторуваш многу, многу пати. Тие веќе не значат ништо. Имав премногу почетоци и се изморив од нив, веќе несакам нов почеток и нов крај, после него…сакам да бидам малку во средината. И сепак почнувам од почеток и ќе се погрижам овој почеток да нема крај…само средина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag