Почина Нил Армстронг, човекот кој прв стапна на Месечината!

popara26 август, 20121min00
umro-nil-amstrong-mesec-1345944007-201854

Легендарниот астронаут, Нил Армстронг, човекот кој прв стапна на Месечината почина вчера на 83 години поради компликации од операција на срцето.

Поминаа 43 години откако Аполо 11 се спушти на Месечината, а тој беше човекот кој прв стапна на неа. Ќе остане засекогаш запаметен по изјавата, „Ова е мал чекор за човекот, но голем чекор за човештвото“.

Претседателот Обама изјавил жалење и додал како Армстронг бил еден од најголемите херои не само во неговто време, туку и во целата историја.

Тој беше пилот и астронаут, кој гордо и служеше на својата земја.

По стапнувањето на Месечината, Армстронг живеел мирен и повлечен живот. Тој стана професор на Универзитетот во Синсинати, каде живеел со својата сопруга, а во последните неколку години воопшто не се појавуваше во јавност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *