Kога станува збор за здравјето и за здравиот начин на живот, луѓето најмногу внимание посветуваат на исхраната. При тоа најчесто забораваат на водата, која е значајна. Човекот со недели може да издржи без храна, но не и без вода. Таа сочинува 70 отсто од човечкиот организам. Постојано треба да го внесуваме потребното количество вода, особено во летните месеци кога хидратацијата на организмот е неопходна.
Пијте вода и кога не сте жедни за организмот да го одржите во добра состојба и во летните горештини, кога најчесто страда од дехидрација поради дијареја и потење. Се препорачува да се пие вода минута или две пред секој оброк.
Вода не треба да се консумира за време на оброк или веднаш по неговото завршување, зашто со тоа се измиваат соковите од желудникот, кои нема да успеат да ги неутрализираат евентуалните бактерии или вируси.
Освен тоа често се случува поради дехидрација да има појава на замор, главоболка, непријатна миризба на здивот.