Под напон од милион волти, Блејн стоел цели 72 часа!

popara9 октомври, 20121min00
1

Познатиот илузионист Дејвид Блејн го завршил својот перформанс наречен “Струен удар: Милион волти”. Под напон од милион волти, Блејн стоеше цели 72 часа!

По цели 72 часа без храна, опкружен со неприродни светла и стоејќи над платформа под напон додека низ него поминуваше струја под напон од милион волти, Дејвид синоќа бил задоволен од направениот експеримент, пренесува “Reuters”.

Првото нешто што Дејвид го изговорил по 72 часа “струјна” тортура било големо благодарам до неговиот тим и почитувачите на неговиот лик и дело. Се уште немоќен да застане на сопствените нозе, пред да биде однесен со инвалидска количка во автомобилот на итната помош, Блејн имал сили да изговори уште две реченици.

“Ова е мојот последен подвиг на кој сум ја тестирал издржливоста. Но, се радувам на се во иднина. Ве сакам!”, изјавил тој. На новинарите Блејн им ја открил и првата работа која ќе ја направи по завршувањето на лекарскиот преглед.

“Мислам дека долго време ќе спијам, откако прво ќе се истуширам”, открил тој. Иако неговиот подвиг предизвика бројни воодушевувања, постојат и луѓе кои сето тоа го сметаат за најобична илузија.

http://www.youtube.com/watch?v=NBaVSPoFbE8&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag