Актерот Џејсон Статхам уживал разголен со Џенифер Лопез под туш во сцена која ја снимале за новиот филм.
Во новиот филм под наслов “Parker”, Статхам глуми лопов чии ортаци го изневериле и го оставиле да умре. Но, во целата таа борба наоѓа време да ја однесе во кревет убавата агентка Лесли, која ја игра Џенифер Лопез.
Актерот изјавил дека за него претставувало големо задоволство да работи со латиноамериканската суперѕвезда. “Таа е многу добра, и на снимањето беше неверојатна”, изјавил Статхам ,пренесува The Sun.
Филмот ќе пристигне во кината следната година, а снимен е според романот од Доналд Е Вестлејк.