Јапонија Hitachi Септември 24, 2012
Оваа жена држи кварц стаклена плоча што претставува најнова технологија на Јапонскиот електронски гигант Хитачи , која може да се користи за чување на податоци на неодредено време. Компанијата во понеделникот обелодени метод на складирање на дигитални информации на исечоци од кварц стакло речиси засекогаш, кое може да издржи и екстремни температури и секави услови, без притоа да се разложи. Како што музиката на Боб Дилан и Ролинг Стоунс трае долго време, сега јапонскиот hi-tech гигант Hitachi соопшти дека ова може да трае дури и подолго, најмалку неколку стотици милиони години. “Можноста за губење на информации, всушност, може да се зголеми во иднина”, рече тој, истакнувајќи дека рокот на траење на дигиталните медиуми как што се CD-еата и хард дисковите во моментов е ограничен на неколку децении или еден век најмногу. И брзиот развој на технологии резултираше со чести промени на податоци за читање на хардвер.
“Постои и друг проблем- да не можат да се видат зачуваните информации и податоци “, вели Тори, очигледно мислејќи на сега веќе застарените грамофони и кино филмови. Новата технологија Hitachi ги складира податоците во бинарна форма и веќе ќе почне да се применува за складирање податоци во некои владини агенции, музеи и верски организации.