Таа е секси, згодна, млада, егзотична…Флертува со стиловите на облекување од елегантни фустани до “уличен изглед”. На еден настан се појавила лежерно облечена, а посебен акцент ставила на чевлите.
Никол Шерцингер е уште една во серијата пејачки која не успеала да одолее на неонските чевли кои се ултра модерни оваа сезона. Иако не облекла една од своите провокативн кратки фустани, вниманието овој пат го привлече со чевлите. Светските стилисти позитивно го оцениле овој стајлинг. Дали Вам ви се допага???