
Напијте се една чаша ракија, изедете една порција овошје, земете малку рибино масло и за пет минути вашето расположение ќе се крене на посакуваното ниво.
Ванила
Пријатниот мирис на поголемиот дел од луѓето им предизвикува смиренсот и пријатно чувство. Овој мирис за момент ќе го опушти мозокот за момент.
Ракија
Топла домашна ракија од јаболка… ова е лекот за нерасположението. Но, само ако сте внимателни со дозата. Една мала чашичка на ден е сосема доволно за да го постигнете ефектот.
Овошје
Една порција свежо овошје за момент ќе ви ја врати енергијата и ќе ви го подобри расположението. Нутриционистите се сложни дека јагленохидратите го поттикнуваат лачењето на хормонот серотонин.
Рибино масло
Есенцијалните маснотии омега-3 се едни од најосновните состојки за добро функционирање на мозокот. Затоа се препорачува 3-4 пати неделно да се јаде риба.
Допири
Масажата ја намалува напнатоста и згрченото тело го опушта за многу кратко време. Една кратка масажа може да ве смири ако сте напнати и да ве расположи ако сте нерасположени.
Сон
Добар сон е основа за добар ден. Ако станете ненаспани и уморни, расположението ќе биде на ниско ниво, што е многу логично.