Научниците од Чикаго дошле до заклучок дека ако размислувате на странски јазик, ќе донесете попаметни одлуки.
Студијата е спроведена на студенти кои многу течно зборуваат некој странски јазик.Резултатите од испитувањето ги воодушевија научниците. Тврдат дека дури 80% од студентите кога размислуваат на странски јазик донесуваат порационални и помалку ризични одлуки.
Причината сеуште не е откриена, но се претпоставува дека логиката на друг јазик бара поголем ментален напор кој ги покренува аналитичките наместо емотивните делови од мозокот.
Поради тоа донесувањето на ризични одлуки е подобро на пример на англиски јази. Но важно е да го зборувате доволно добро.