Контроверзниот пар со недели на Твитер провоцира со своите заеднички фотографии, а сега конечно и официјално се појавиле во јавноста како пар. Повторно!
Односот на Ријана и Крис Браун во најмала рака е комплициран. Изгледа дека одлучиле да заборават на сите проблеми и скандали од минатото, и на својата љубов и дале уште една шанса.
24-годишната ѕвезда и 23-годишниот пејач заедно се појавиле на кошаркарска утакмица на ЛА Лејкерс и Њујорк Никс во Лос Анџелес. Двојката цело време се смешкале, се забавувале, коментирале и шепотеле во првиот ред на кошаркарскиот терен.
Допирите и погледите откриваат се, а ни Ријана ни Крис не се обидувале да соркијат што чувствуваат еден за друг. Нивната бурна историја јавно се решаваше, а сега по неколку години се подготвени да се обидат повторно. Пејачката во неодамнешно интервју со Опра признала дека Крис е љубовта на нејзиниот живот и дека се му простила.