Белградскиот состав Негатив денес ги израдува своите фанови со нов видео запис!
Во прашање е адаптацја на песната Iznenadi me, објавена пред три години. Спотот воедно најавува и концерт, кој ќе биде одржан на 26 мај во градината на Студентскиот културен центар. На концертот кој ќе биде прв настап на овој бенд во Белград, по три години, ќе изведуваат хитови од претходните четири албуми, но посетителите ќе имаат прилика да ги слушнат и новите песни.
Погледнете го спотот!