Северина на самиот почеток од кариерата била многу заводлива и згодна, а тоа можете и самите да го забележите на снимката од нејзиниот настап на Загребфест во 1989 година.
Во краток фустан 17 – годишната Северина извршила обработка на тогаш големиот хит Ламбада. Снимката покажува како сплитската пејачка изгледала на почетокот на кариерата, а потсетува и на модата од 80-тите, кога кичот бил IN.
Сексапилот на Северина не избледнал ни по 23 години, што можеме да забележиме и во новиот спот Италијана. Едноставно беше и остана вистинска убавица!