Уште една покажа како успева да ги задржи своите 16 милиони фанови!
Кога станува збор за популарната Ким Кардашијан, фотографиите кои ја скокоткаат имагинацијата се нејзино секојдневие.
Овој пат ги израдувала своите фанови објавувајќи фотогрфии на Твитер каде позира во чипкана долна облека, облечена во крзно, а жешкиот изглед го надополнила со бисери.
‘Добра ноќ и слатки сништа’, напишала под фотографијата.
Но, покрај секси пози, Ким во последно време често ја изразува својата љубов кон Кание, кој пред неколку дена го нарекла “свој ангел”. Единственото прашање: што повеќе обожавателите на Ким сакаат на Твитер, љубовни пораки кои се наменети за Кание или нејзините заводливи пози?