Не постои сомнеж дека е супер тоа што во Јагодина има музеј на восочни фигури, но убаво ќе беше тие фигури да личеа на своите реални личности од српскиот спорт. Според многумина некои од ликовите не се баш „погодени“.
Новата восочна фигура во овој музеј на српскиот тенисер број еден, Новак Ѓоковиќ не личи баш на него. Исто така Владе Дивац, српскиот кошаркар доби своја фигура која не помина без критики.
Најдобро поминала фигурата на Александар Џорџевиќ.