Околу 30 фанови на американската актерка Мерлин Монро вчера се собрале на гробиштата Westwood Village во западниот дел на Лос Анџелес со цел да ја одбележат 50-годишнината од нејзината смрт.
Свеченоста на гробиштата е одржана на пладне, а фановите, пријатели и потомци на блиските одржале говори во чест на актерката која умрела од предозирање на 5 август 1962 година во својата вила во Брентвуд.
За оваа прилика бил подигнат бел шатор со екран за присутните да можат да ја следат церемонијата со која е завршена неделата на одбележување на годишнината во организација на неколку фан клубови на најпознатиот секс симбол.