Шекспир го кажал веројатно со разбирање и со доза почит тоа дека дури и Пеколот не може да се спореди со гневот на отфрлената жена. Ова се случува единствено при голема судбинска љубов која била силна и огнена и во тој див пожар едниот гори а другиот останува со заледено срце.
Жената која сака има нешто слично со ангелите, но кога ќе почне да мрази сите демони и се населуваат во душата и станува незапирлива. Единственото кон што се стреми е одмаздата. Сите средства се оправдани зошто сеуште помни дека сите средства и во љубовта се дозволени. Таа знае дека нема да го врати и не ни сака – едноставно сака да заврши со него на начин после кој остануваат само трупови. Зошто кога љубовта е мртва што друго останува?
Толку е повредена што сака да предизвика болка. Ја пренесува на сите што влегуваат во нејзиниот живот. Секој кој имал лоша среќа да се најде на погрешно место во погрешно време.
И се така ледена и привлечна се насладува на освоените и опустошени територии на нови врски, запознанства и љубови, кои за неа имаат вредност единствено како трофеи.
Никој не знае колку точно продолжува поларната зима на ледената жена. Возможно е Судбината да се пошегува и во еден момент да и испрати нова љубов, но таа да не ја почуствува, зошто срцето и е веќе ледено и нејасно дали е сеуште способно да дозволи некој да ја сака.