Двајца полицајци од Канзас се најдоа во центарот на вниманието на јавноса, бидејќи едниот, Џефери Холмс е обвинет за корупција, а другиот за нелегално присвојување на голема сума на пари.
Според пишувањето на локалните медиуми, полицаецот Холмс прифатил да спие со две жени во замена за нивната слобода.
Една од жените требала да биде уапсена поради проституција, а другата поради поседување на марихуана.
Другиот полицаец Марк Стинсон е обвинет за нелегално присвојување на 75.000 долари.