Жената ја породувал тим од 30-ина педијатри, анестезиолози и сестри. Ова е првата петорка родена во Мелбурн во изминатите 30 години. Едно бебе за жал не преживеало.
Мајка на 12 деца во вторникот родила петорка зачната по природен пат.
Австралијката (48) од Мелбурн со царски рез на свет донела две момчиња и три девојчиња. За жал, едно девојче починало пред раѓањето. Жената ја породувале тим од 30 доктори, педијатри, анестезиолози и сестри. Ова е првата петорка родена во Мелбурн во изминатите 30 години. Шансите за да се зачне петорка по природен пат е 1:55.000.000. Како што пишуваат странските медиуми, семејството кое сакало да остане анонимно, е едно од најголемите во австралиската држава Викторија.
Последната петорка во оваа држава на свет е донесена во 1980 година. Родени се 11 недели предвреме. Ниту едно од бебињата не преживеало.