Полнети суви пиперки

popara25 декември, 20121min00
polneti piperki

Потребни состојки:

  • Пакување сушени пиперки (10 парчиња)

За прв фил:

  • 100гр грав
  • 10гр црвен грав
  • лук

За втор фил:

  • 100гр моркови
  • 50гр праз
  • 100гр ориз
  • 2 компири
  • сол
  • бибер
  • зачини
  • 10мл масло

Начин на подготовка:

Пиперките потопете ги во топла вода и оставете да омекнат. Гравот сварете го додека не се распадне, па испасирајте го и од него направете пире. Зачинете го, помешајте со истолчен лук, а потоа и со варен црвен грав, па со оваа смеса наполнете ги пиперките. За другите пет во тава издинстајте ситно сецкан праз, потоа додадете изрендан компир, продолжете со варење и на крајот додадете рендан морков и ориз. Сетоа тоа полека нека врие додека зеленчукот не омекне. Со оваа смеса наполнете ги останатите пиперки. Наредете ги во подмачкан плех, додадете малку вода и запечете ги во рерна на 22 степени.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag