Ползите од медицинскиот канабис

popara1 јуни, 20121min00
z

Израелски научници успеале да модифицираат специјален вид канабис или марихуана од индискиот коноп и кој со тек на време би нашол широка примена во медицината. Најдоброто од се е што при консумација на оваа трева немате нус појави, што чето се случува при употреба на класичната марихуана, а во таа група ќе ги спомнеме параноја, вртоглавица, гадење, повраќање и сл.

Оваа нова врста индиски коноп изгледа исто како класичната марихуана, има ист мирис и идентичен вкус, но со генетската обработка елиминирани се лошите страни на канабисот, со цел таа да може да биде применувана во медицината.

Засега експериментално бил тестиран новиот вид канабис кај пациенти заболени од тешки болести, со цел да ги ублажи симптомите. Бараниот ефект бил постигнат, па тоа им дало мотивација да продолжат со работа и да ја прошират примената на канабисот во медицината и производството на лекови.

Накратко, кај новиот вид канабис е намален ефектот  на тетрохидроканабинолот познат како ТНС, а зголемено е дејството на чистиот канабиол СNB, супстанција која се покажала како многу корисна при лечење на диабет и неколку психијатриски состојби.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag