Помалку или повеќе? Здравко Чолиќ: Не сум спиел со илјада жени!

popara6 март, 20121min00
Zdravko-Colic

Здравко Чолиќ ќе ги израдува фановите за Денот на жената со тричасовен концерт во Арената во Загреб со кој ќе ја отвори концертната сезона.

“Љубовта е единствената вистина која ја препознаваш во светот со која и во која живееш. Моето постоење е постојано пренесување на љубов кон другите, кон семејствотот, пријателите и мојата публика”, изјавил пејачот.

На прашањето како ја објаснува својата магична привлечност кон жените веќе 40 години, Чола вели дека ни тој самиот нема одговор на тоа.

“Секој успех е сила Божја и предодреденост некоја да трае подолго, некој пократко. Секој човек има енергија која ја дава на публиката, можеби јас тука повеќе вложувам. Без некое кокетирање и намера, самата енергија делува позитивно на повеќето луѓе. Јас сум среќен човек”, вели пејачот кој веќе со години го карактеризираат како голем шармер и миленик на жените.

Бројот на жените кои го сакале пејачот се неисцрпна тема за медиумите, а Чола на оваа тема вели: “Не сум спиел со илјада жени. Претерувањето е дел од мојата работа, човек мора да се помири со тоа, зголемувањето на работите се нормална појава!”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag