Резултатите од последната студија покажале дека краткиот сон го стимулира апетитот и изборот на нездрава храна.
Причината за тоа се крие во два многу важни хормони. При недоспивање се зголемува нивото на грелин – хормон кој го стимулира апетитот, а од друга страна се блокира синтезата на лептин – хормон кој го ограничува апетитот.
7-8 часа сон е неопходен за одржување на нормалната телесна тежина и штити од натрупување на излишни килограми односно масни наслаги. Ова не е прва студија што покажала дека ограничениот сон има врска со зголемувањето на килограмите.