Поминаа 35 години и сеуште е омиленa рок ѕвезда!

popara16 август, 20121min00
elvis prisli

Обожавателите на Елвис Присли оваа недела ќе се соберат во Гресленд, Мемфис, за да ја одбележат 35 годишнината од смртта на „Кралот на рокенролот“.

Организаторите на „Елвисовата недела“, која се одржува секоја година, очекуваат дека овогодинешната манифестација ќе биде најпосетена од сите до сега, имајќи предвид дека во неа ќе учествува и вдовицата на Присли, Присила и нивната ќерка Лиза Мари.

“Елвис привлекува обожаватели”, изјавил Џо Герсио, кој работи на организацијата на концертите на Елвис од 1970 година до неговата смрт на 16 август 1977 година, на 43 години. “А истото не можеме да го кажеме за многу луѓе во шоубизнисот”, додава тој.

Елвисовата недела која трае девет дена, започна минатиот петок во Мемфис. Во центарот на манифестацијата има шатор со 1.200 места опремени со клима уреди, осмислен по имотот на Елвис во Грејсленд.

Недалеку од шаторот се изложени остатоците од приватниот авион на пејачот. Пред капиите на Грејсленд вечерва ќе се одржи бдеење со свеќи.

Во план е концерт на градскиот стадион, на кој Пресила, Лиза Мари Присли и членовите од групата на Елвис ќе ги иведат неговите хитови, како и песни блуз, госпел и кантри жанр кои го инспирирале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag