Помислете за момент. Вие во кој список сте?

popara29 февруари, 20121min00
1

Познат лектор го започнал својот семинар со преполна сала и со 100 – доларова банкнота во рацете. Кој ја сака оваа банкнота? Сите дигнале раце.

Ќе ја дадам на еден од вас оваа вечер, но пред тоа…Ја скинал банкнотата на неколку парчиња. Кој ја сака сега, повторно прашал. Пак сите дигнале раце.

–        И ако направам вака…тој ја фрлил на земја и започнал да ја гази. Ја дигнал, таа била валкана и изгужвана.

–        А сега кој ја сака?

Повторно сите. Тогаш тој започнал:

–        Не е важно што ќе направам со банкнотата, вие секогаш ќе ја сакате, зошто каква и да е таа не ја губи својата вредност. Така е и со луѓето. Многу пати сме смачкани, исфрлени, оставени и не се чувствуваме важни. Но без разлика, што и да ни се случува, ние не ја губиме својата вредност. Валкани или чисти, смачкани или цели, дебели или слаби, високи или ниски, ништо не е важно. Ништо од тоа не ја менува нашата вредност. Цената на нашиот живот не е во тоа како изгледаме пред другите, а во тоа што правиме и што знаеме.

Сега размислете добро и побарајте во меморијата:

–        5-те најбогати луѓе во светот

–        5-те последни мис на светот

–        10-те лауреати на Нобелова награда

–        5-те последни носители на Оскар

Како оди? Тешко нели? Не грижете се. Никој од нас не ги помни вчерашните најдобри. Аплаузите одлетуваат, трофеите тонат во прашина, победниците се забораваат!

Сега присетете се на:

–        Тројца пријатели, кои ви помогнале во тежок момент

–        Некој кој ве направил да се чуствувате специално

–        Луѓето кои оставиле траг во вашиот живот

Како ви оди? Многу подобро нели? Луѓето кои оставаат трага во нашиот живот, не се ни најпознатите, ниту најбогатите, ниту најнадарените. Тоа се оние кои се грижат за нас и кои се со нас секогаш.

Помислете за момент. Вие во кој список сте?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag