Поради невозвратена љубов се опивал пет дена, па убил пет лица

popara7 ноември, 20121min00
ubistvo

Заљубениот русин се појавил на работа по пет дена “пијанчење”. Поради невозвратена љубов, застрелал пет колеги. Меѓу нив била и жената во која тој е заљубен.

Заљубениот русин, кој пател поради невозвратена љубов, утрово убил пет свои колеги, вклучувајќи ја и жената која ја сакал и уште двајца ранил на работното место во една фармацевтска компанија во Москва, соопштила руската полиција.

“Утрото, 7 ноември 2012 година, осомничениот влегол во канцеларијата на фармацевтската компанија каде што работел и испукал неколку истрели од пушка што тој ја поседувал. Како резултат на тоа, тројца мажи и две млади жени кои седеле на нивните работни места, биле убиени на самото место , а друг човек и една млада жена се повредени и примаат медицинска помош “, соопштила службата за обезбедување на неименуваната руска компанија.

Руската новинска агенција РИА Новости, јавила дека русинот страдал поради невозвратена љубов и дека жената која ја сакал, настрадала меѓу луѓето во денешниот масакр.

“Тој изјавил пред истражителите дека се заљубил во девојка која е фармацевт, но и дека неговите чувства не бил возвратени. Поради тоа се опивал пет дена и денес дошол и извршил масакр”, потврдил неименуван избор од руската полиција.

Безбедносната служба на компанијата го фатила убиецот и тој сега се наоѓа полициски притвор, се вели во соопштението, се пренесува aгенцијата АФП.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag