Поради овие тетоважи на пејачката и е забрането да одржи концерт во Малезија!

popara28 февруари, 20121min00
ерика

Властите во Малезија денес го забраниле планираниот концерт на американската пејачка Ерика Баду откако во јавноста се појавила фотографија од добитничката на Греми со арапски зборови за Алах напишани на нејзиното тело.

Американската R’n’B пејачка Ерика Баду требало да настапи утре во Куала Лумпур, но некои муслимански групи  оцениле дека Баду е непогоден пример за младите во Малезија откако во јавноста се појавила нејзината фотографија со привремена тетоважа со зборот “Алах” на нејзините голи рамења.

Владината комисија која ги вклучува и полицијата и муслиманските претставници одлучиле да го забранат настапот на пејачката затоа што тетоважите на нејзиното тело се “навреда за Исламот и многу сериозен прекршок”, се вели во соопштението на министерот за информации Раис Јатим. Фотографијата од Ерике Баду “започнала јавна критика која би можела да ја згрози националната безбедност и може да предизвика негативно влијание врз имиџот на владата”, се вели во соопштението.

Пејачката (41) веќе пристигнала во Малезија но ќе остане како турист, бидејќи не и е дозволено да настапува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag