Поради пластична операција останал без работа!

popara7 март, 20121min00
g6b79

Anvar al-Bilkimi, неодмана избран член на египетскиот парламент, бил принуден да ја напушти ултра конзервативната партија Ал Нур, поради тоа што лажел дека физички бил нападнат и морал да прави операција, а тој всушност имал естетска пластична операција на носот.

Појавувајќи се со модрици на лицето предизвикани поради операцијата на носот, Ал Билкими изјавил пред сопартијците  дека лицето му е во завои бидејќи бил нападнат од вооружени лица, откако  наводно одбил да излезе од неговиот автомобил.

Соменвајќи се во неговите зборови, партијата Ал Нур чие верско убедување забранува естетска хирургија, формирала комисија да го истражи овој случај, па така било откриено дека Ал Билкими лажел.

„Врз основа на изјавите кои ги земале од болничарите, дознавме дека тоа било лага, па затоа одлучивме да го избркаме од партијата, а тој сам си поднесе оставка“, било наведено во соопштението на официјалната Фејсбук страна на оваа партија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag