Поради жена станал платен убиец!

popara6 март, 20121min00
66319

Лари М.  работел за семејството Коломбо и разнесувал храна се додека не ја запознал сопруга на познатиот мафијаш Грегориј Скарп.

Њујорк – жена го вовлекла во мафијата.

Лари М. еден од најдобрите платени убијци во Америка, работел како доставувач на храна, се додека во неговиот живот не влегла Линда Скиро, жената на мафијашот Грегориј Скарпa.

Лари М. неодамна признал дека учествувал дури во 25 нарачани убиства, од кои 4 ги извршил тој лично. Тој имал само 18 години и разнесувал храна  кога ја запознал Линда, која од него била постара 14 години. Започнале љубовна врска, а Линда набрзо го запознала и со нејзиниот сопруг, го однела во нивната куќа и му рекла: „Дај му на малиов некаква работа“.

Тој прво бил човек кој изнудувал наплата на долговите на познатиот бос на мафијата, а подоцна станал најдобриот платен убиец. Познатиот мафијаш знаел дека тој и неговата сопруга се во љубовна врска.

Во една пригода тој му рекол: „Те сакам како син, а Линда те обожава. Знам дека сте блиски“, а потоа го прегрнал.

Лари М. кој неколку години бил во затвор, кариерата на убиец  му завршилa по една тепачка кога бил ранет во око. Денеска тој живее на Флорида и работи како личен тренер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag