Поранешниот сопруг на Ејми Вајнхаус, Блејк Филдер – Сивил е во кома, бидејќи поради прекумерна употреба на наркотици и алкохол, му откажале бројни органи.
Партнерката на Филдер – Сивил, Сара Аспин минатата недела го пронашла во кревет како се гуши. Поранешниот сопруг на пејачката Ејми Вајнаус потоа е префрлен во болница каде е утврдено дека неколку органи веќе му откажале.
Таткото на Ејми Вајнхаус, Мич навел дека тоа се страшни вести и ги повикал обожавателите на својата ќерка да се молат за здравјето на нејзиниот поранешен сопруг.
“Се сеќавате дека Ејми го сакаше. Да се молиме за негово закрепнување”.
Филдер – Сивил со години се бори против зависност, а во 2007 година некое време беше и во затвор. Со Ејми вајнхаус се венчаа во 2007 и се разведоа две години подоцна.