
За денес жените да заработуваат исто како мажите им останува само да се занимаваат со порнографија – порачала порно актерката Саша Греј во своето промотивно видео во пресврт на Денот на еднакви плати кој се одбележува на 20 март.
По повод Денот на еднакви плати 20 март порно актерката Саша греј снимила интересен и нетипичен промо спот. Таа во спотот зборува за себе, а на крајот на видеото пишува: “Порнографија е единствениот начин на кој жената заработува повеќе пари од мажите”.
Жените и денес во просек заработуваат 22% помалку од мажите, а кампањата поради која и настанал Денот на еднакви плати се обидува да ја зголеми јавната свест за оваа нееднаквост и колку што е можно да се забрза општествениот процес со кој тоа ќе исчезне. Токму тоа е причината што Саша одлучила да сними краток филм за својата успешна кариера како порно актерка.
-Јас сум Саша Греј и кога наполнив 18 години го напуштив средното училиште и одлучив дека сакам да испробам различни можности во кариерата. Работев како секретарка, учителка, келнерка, а како медицинска сестра заработував повеќе од докторите. Во текот на една година добив почит и многу пари. Многу сакам валкани работи. Висев на глава врзана дилдо во газот додека мојата уста беше залепена со трака. Многу сум горда на тоа, тоа е нешто што самата го избрав, раскажува порно актерката во видеото.
Во моментов има 23 години и се повлекла од светот на порно индустријата откако заработила богатство. Денес работи како манекенка, а член е и на електронскиот бенд “A Telecine”. Интересно е тоа што во 2008 година познатиот режисер Стивен Содерберг ја земал за главна актерка во својот филм “The Girlfriend Experience”.