Откако Силвио Берлускони го нема на политичката сцена се чини дека таа станува малку подосадна.
Но, за да не биде се така едноставно и досадно се погрижија четирите поранешни порно актерки, Луана Борџиа, Мили Д’Абрасио, Аманда Фокс и познатата Чичолина.
Моментално најдобро од сите нив котира Фокс, барем така покажале неодамна направените интернет анкети.
Веројатно сите три кандидатки кои сакаат да влезат во политиката инспирацијата ја побарале во Чичолина, која стана член на парламентот во 1987 година и се прослави со откачените изјави дека сака да води љубов со Садам Хусеин за да се спречи војната меѓу Ирак и САД, истата понуда подоцна ја имала испратено и до Осама Бин Ладен.