Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погодил јужната италијанска провинција Косенца, поради што е евакуирана болница во местото Мормано, а некои згради биле оштетени. Во моментот на потресот еден 84-годишен човек доживеал срцев удар и починал. Земјотресот бил регистриран околу еден часот по полноќ. Од безбедносни причини била евакуирана болница откако на зградата се појавиле пукнатини. Во болницата никој не бил повреден.